Популарниот СМС одново на агендата на „Старата дама“

Јувентус се договори со Милинковиќ Савиќ, Лацио ја одреди цената на Србинот

Според пишувањата на медиумите од Италија, Јувентус се договорил со Сергеј Милинковиќ Савиќ, но Лацио нема намера лесно да се откаже од Србинот и постави цена од 120 милиони евра.

Неколку добро упатени извори од Италија синоќа објавија дека Јувентус начелно се договорил со Сергеј Милинковиќ Савиќ за фудбалерот од средниот ред да се пресели во Торино.

Но со Клаудио Лотито тешко се пазари, првиот човек на Лацио уште еднаш покажа дека е незгоден за преговори и за услугите на популарниот СМС побарал 120 милиони евра.

„Старата дама“ се надевеша дека 70 милиони евра ќе бидат доволни, но „бјанкочелестите“ немаат намера лесно да се разделат со Србинот.

„Милинковиќ Савиќ е еден од скапоцените камења на круната на клубот. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер од средниот ред во Калчото и забележа експоненцијален раст“ – вели Клаудио Лотито.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе