Поради кризата со ковид-19

Јувентус сакал да го продаде Роналдо, го понудил дури и на Барселона

Познатиот шпански фудбалски новинар, Гиљем Балаг тврди дека Кристијано Роналдо пред некој месец бил понуден на повеќе клубови, а еден од нив бил и Барселона. 

Поради кризата од ковид-19 наводно Јувентус сакал да го продаде Кристијано Роналдо со цел да ги намали трошоците кои ги дава за неговата голема плата.
 
Неговиот агент Жорж Мендеш почнал да му бара нов клуб, а ја контактирал и Барселона давајќи им идеја дека сега е моментот кога може да се реализира она што и тешко може да се замисли, да играат заедно Лео Меси и Кристијано Роналдо.
 
Мендеш го понудил Роналдо на ПСЖ и на неговиот поранешен клуб Реал Мадрид. Го понудил буквално на сите клубови кои мислел дека можат да му ја дадат истата плата која тој ја добива во Јувентус, но мисијата завршила неуспешно.
 
Роналдо на крајот остана во Јувентус, а таму ќе биде и следната сезона во која италијанскиот шампион ќе биде предводен од Андреа Пирло.
 

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе