Серија А

Јувентус реши да го одмори Роналдо и загуби два бода, само реми во Лече (ВИДЕО)

Маурицио Сари реши да не го понесе Кристијано Роналдо на гостувањето кај Лече и тоа се покажа како лош потег, Јувентус одигра само 1-1 и ризикува да го загуби лидерското место. 

Јувентус влезе како голем фаворит на гостувањето кај Лече, а Сари беше уверен во трите бода, па сметаше дека ова е мечот на кој може да му даде одмор на Роналдо, но тоа му се удри од глава.
 
Јувентус беше подобар во текот на целиот меч, претежно се играше на половината на Лече, во првиот дел имаа статива, поништен гол и една чиста шанса на Дибала, но без погодоци се отиде на одморот.
 
На почетокот на полувремето Јуве доби пенал кој го реализираше Дибала за водство од 1-0.
 
Но само пет минути подоцна пенал и на спротивната страна, Де Лихт играше со рака судијата покажа на белата точка, Манкозу погоди за израмнување на 1-1.
 
До крајот на мечот Јувентус се обидуваше да дојде до победата, но не успеа по втор пат да го совлада голманот на Лече.
 
Шампионот загуби два бода, па доколку Интер ја победи Парма ќе избие на првото место на табелата.
 

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе