Шпански „АС“ тврди

Јувентус оваа недела ќе преговара со Бенфика за Жоао Феликс, позната е и следната дестинација на Дибала?

Според шпанскиот весник „АС“, Јувентус и Бенфика ќе се сретнат на состанок, а главна тема ќе биде младата ѕвезда на португалскиот клуб, Жоао Феликс. 

Јувентус сака да ја искористи желбата на Жоао Феликс да игра покрај неговиот сонародник Кристијано Роналдо и да го договори неговиот трансфер.
 
Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи ќе има состанок со Бенфика, но и средба со агентот на Феликс, Жорж Мендеш кој е агент и на Кристијано Роналдо.
 
Паратичи и Мендеш ова лето веќе соработуваа за договорите на Роналдо и Кансело, нивниот однос е одличен, но сумата која ја бара Бенфика е висока.
 
Се верува дека Бенфика го проценува својот голем талент на 120 милиони евра, но Јувентус се надева дека ќе успее да го купи за помала сума.
 
Весникот „АС“ верува дека Дибала ќе биде продаден на Баерн Минхен, а сумата која Јувентус ќе ја земе од германскиот клуб ќе го покрие најголемиот дел од трансферот на Жоао Феликс.
 

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе