Серија А

Јувентус одигра очајно на првиот меч без Роналдо, пораз од Емполи во Торино (ВИДЕО)

Јувентус загуби на свој терен од Емполи со 1-0, тимот на Алегри не само што беше поразен, туку не успеа ниту да воспостави доминација на теренот, лошо издание на Старата Дама. 

Јувентус одигра меч против Емполи кој брзо ќе сака да го заборави, беа огромен фаворит против Емполи но загубија на свој терен.
 
Емполи даде гол во 21. минута, стрелец беше Манкузо, тоа беше единствениот погодок на мечот.
 
Во првото полувреме имаше и еден контроверзен момент кога Дибала беше фаулиран во шеснаесетникот на Емполи, но судијата сметаше дека тоа не е прекршок за пенал.
 
Во второто полувреме се очекуваше доминација на Јувентус за пресврт на мечот, но тоа не се случи, поседот на топката беше речиси израмнет, а домаќинот не успеваше да создаде посериозни шанси.
 
Тоа беше прв меч на Јувентус без Роналдо. Алегри ќе има многу работа, бидејќи неговите момци денеска изгледаа без идеја.
 
По првите две кола Јувентус има осовено само еден бод иако играше против Удинезе и Емполи.
 

Радован Павловски (1935, Ниш, Србија) е водечко име на третатта генерација македонски писатели, која во нашата литература се појави во шеесеттите години на минатото столетие и внесе нов творечки дух со препознатлив национален белег.

повеќе

Во јавните високообразовни институции, научноистражувачката дејност е целосно маргинализирана под неопходниот минимум.

 

повеќе

Го потсетувам претседателот на државата дека уставниот рок за создавање на парламентарно мнозинство е 20 дена, а веќе 30 дена Владата нема парламентарно мнозинство.

повеќе