Серија А

Јувентус не му ја оствари желбата на Милан, Наполи убедлив против Интер (ВИДЕО)

Јувентус одигра 1-1 против Аталанта која во последното коло сама ќе си ја решава судбината за Лигата на шампионите, за разлика од Милан кој ќе треба да чека кикс на другите, Интер уште е во добра позиција иако загуби со 4-1 од Наполи.

Аталанта беше на чекор до победа во Торино против Јувентус, водеа од 33. минута со гол на Иличиќ, но Манџукиќ на десет минути до крајот со еден интересен гол го изедначи резултатот на 1-1, што беше и конечен исход на мечот.
 
 
Интер доживеа тежок пораз во Неапол каде Наполи победи со убедливи 4-1. Тимот на Карло Анчелоти имаше водство и од 4-0 со голови на Зиелински, Мертенс и два на Руиз. Во финишот од мечот Интер со гол од пенал на Икарди само го ублажи високиот пораз.
 
Аталанта е на третата позиција со 66 бода колку што има и Интер, Милан е зад нив со 65 бода. Росонерите се надеваат дека вечерва Јувентус ќе победи па тие сами ќе си ја решаваат судбината во последното коло, но тоа не се случи.
 
Аталанта го пречекува Сасуоло, а Интер игра дома против Емполи во последното коло, за Милан да оди во Лигата на шампионите некој од овие две екипи не треба да победи, а Росонерите да го совладаат СПАЛ на негов терен.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе