Се бара купец за Португалецот

Јувентус ќе го стави Роналдо на продажба, цената на ЦР7 е 60 милиони евра

Според пишувањата на Спортмедијасет, Јувентус ќе го стави Кристијано Роналдо на продажба, „старата дама" бара околу 60 милиони евра за услугите на ЦР7.

По елиминацијата на Јувентус од Порто во Лигата на шампионите, иднината на Кристијано Роналдо е една од топ темите.

Според пишувањата на Спортмедијасет, Јувентус ќе го стави Кристијано Роналдо на продажба. „Старата дама“ се решава на еден ваков потег бидејќи бруто платат на Португалецот ги чини преку 54 милиони евра годишно, сума која им преставува голем проблем во моментов поради ковид-19 кризата.

Извештајот додава дека „бјанконерите“ ќе бараат 60 милиони евра за услугите на ЦР7 а ПСЖ се посочува како потенцијална дестинација. Како опција е и Манчестер јунајтед, со кого би се разговарало за трампа со Пол Погба.

И Тутоспорт пишува дека има многу прашалници за иднината на Кристијано Роналдо во Торино, а новинарот Фабрицио Романо вели дека реководството на Јувентус наскоро ќе седне на маса со Кристијано Роналдо и ќе се разговара за можноста соработката да заврши една година порано.

Газета дело Спорт исто така пишува за заминување на Кристијано Роналдо но додава дека самиот напаѓач би можел да инсистира на останување бидејќи тешко дека ќе најде друг клуб кој ќе му даде нето плата од 30 милиони евра.

Весникот додава дека без Роналдо во тимот, Јувентус ќе има многу повеќе ресурси при настапот на трансер пазарот, но никој не се осмелува да каже дека ЦР7 е товар.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе