Избраниците на Пирлo ги искористија киксовите на Милан и Интер и се приближија до врвот откако со 2-0 ја совладаа Болоња.
Резултатот беше отворен по 15 минути игра, Артур биеше од далечина, топката погоди еден дефанзивец, го смени правецот и го измами голманот.
Јувентус потоа имаше неколку шанси за зголемување на предноста, но недостасуваше завршница. На спротивната страна, Шчесни се истакна со неколку одбрани, особено со интервенцијата кога спречи Квадрадо да си постигне атрактивен гол.
Дилемите беа решени во 71. минута, Мекини се снајде најдобро по еден корнер и со глава ја затресе мрежата за 2-0.