Куп на Италија

Јувентус ја победи Фиорентина со автогол во 91. минута! (ВИДЕО)

Фиорентина беше подобар тим, но Јувентус благодарение на автогол на Венути во судиското продолжение победи со 1-0 и обезбеди предност пред реваншот во Торино. 

Душан Влаховиќ за првпат се врати во Фиренца откако ја напушти Фиорентина и се пресели во Јувентус.
 
Фиорентина беше подобра, создаде повеќе шанси, Влаховиќ беше одлично чуван, а Јувентус не изгледаше опасно по голот на Терачано.
 
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши без голови, несреќниот Венути си ја затресе сопствената мрежа за победа на Јувентус од 1-0.
 
Патникот во финалето од Купот на Италија, ќе се решава во Торино, но денешната победа го прави Јувентус голем фаворит.
 

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе