Серија А

Јувентус ја победи Џенова, десет минути за Пандев (ВИДЕО)

Јувентус со 3-1 победи на гостувањето кај Џенова, Пауло Дибала го постигна својот прв гол оваа сезона во Серија А, Горан Пандев ги одигира последните десетина минути. 

Јувентус ги освои трите планирани бодови од гостувањето кај Џенова, по мирното прво полувреме, сите четири погодоци паднаа во вториот дел.
 
Горан Пандев влезе во 82. минута но не успеа да ја спаси Џенова од пораз иако Јувентус е тимот кој му лежеше во минатото.
 
Резултатот го отвори Дибала кој постигна гол во 57. минута, тоа беше неговиот прв погодок во Серија А оваа сезона.
 
Но само четири минути подоцна Стураро го изедначи резултатот на 1-1.
 
Во 78. минута Квадрадо беше фаулиран, судијата покажа пенал, а Роналдо погоди за ново водство за Јуве.
 
Десет минути подоцна нов пенал за Јувентус, овој пат по прекршок врз Мората, Роналдо погоди и по вторпат за конечни 1-3.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе