Италијанските медиуми тврдат

Јувентус ја доби трката за Кулушевски, Дејан потпишува за шампионот

Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски ќе биде фудбалер на Јувентус, тврдат италијанските медиуми. 

Кулушевски со одличните партии за Парма го привлече вниманието на најголемите клубови, се шпекулираше дека Интер води во трката, но се случи пресврт, „Скај Спорт Италија“ и „Газета дело Спорт“ тврдат дека тој се договорил со Јувентус.
 
Купушевски постигнал договор за личните услови, неговиот договор со Јувентус ќе биде до 2024 година со годишна плата од околу 2-3 милиони евра.
 
Според „Скај Спортс Италија“ Аталанта ќе добие 30 милиони евра плус 10 во бонуси, а според „Газета дело Спорт“ сумата е 35 милиони евра плус 15 милиони во бонуси.
 
Тој ќе остане во Парма до крајот на сезоната каде што игра како позајмен од Аталанта а од следната сезона ќе се пресели во Јувентус.
 
Кулушевски играше за младинските селекции на Македонија, но на крајот одбра да настапува за Шведска.
 

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе