Поради коронавирусот

Јувентус - Интер и уште пет меча од Серија А ќе се играат пред празни трибини

Шест натпревари од следното коло во Серија А ќе се играат зад затворени врати поради коронавирусот во Италија. 

Министерот за Спорт на Италија, Винченцо Спадафора потврди дека натпреварите од Серија А од 26. коло ќе се играат без публика во областите каде што има коронавирус.
 
Меѓу шестте натпревари кои ќе се играат зад затворени врати е и таканареченото „Дерби на Италија“, дуелот меѓу Јувентус и Интер кој оваа сезона е и директна битка за Скудетото.
 
Натпревари од 26. коло од Серија А кои ќе се играат без публика: Удинезе - Фиорентина, Милан - Џенова, Парма - СПАЛ, Сасуоло - Бреша, Јувентус - Интер, Сампдорија - Верона.
 
Без публика ќе се игра и натпреварот од Лига Европа меѓу Интер и Лудогорец во четврток.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе