Може ли „старата дама“ до нова трансфер бомба?

Јувентус им ги мати сметките на Барса и Реал, тргна во офанзива по Нејмар и го нуди Дибала плус многу пари

„Старата дама" ќе се обиде да приреди нова трансфер бомба во последните денови од летниот преоден рок, спортскиот директор Фабио Паратичи му се јавил на својот колега Леонардо од ПСЖ за ангажман на Нејмар.

Од Бразил и Шпанија пристигнува информација дека Јувентус се обидува да стигне до ангажманот на Нејмар и да го спои Бразилецот со Кристијано Роналдо.

Глобоеспорте пренесе дека спортскиот директор Фабио Паратичи му се јавил на својот колега Леонардо и се распрашувал за ангажман на Нејмар. „Старата дама“ е подготвена да го испрати Пауло Дибала во Париз како дел од зделката и да плати определена сума на пари.

АС исто така пишува дека Јувентус влегува во трката за Нејмар. Извори блиски до напаѓачот брифирале дека понудата на шампионот од Италија е составена од Дибала и многу пари. Детали за сумата изворот не открил, но се претпоставува дека се работи за 100 милиони евра.

Весникот од Мадрид исто така додава дека „старата дама“ на Нејмар му ја ветила истата плата која ја заработува во ПСЖ, односно околу 36-37 милиони евра нето. Со вакви примања, тој би станал најплатен играч во Серија А. Во моментов далеку на врвот е Кристијано Роналдо кој има плата од околу 30-31 милиони евра по сезона.

До овој момент, Барса и Реал важеа како најсериозни кандидати за потписот на Нејмар, но сега Јувентус одеднаш се посочува како фаворит.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе