Серија А

Јувентус и без Роналдо пресилен за Бреша, Дибала со мајсторија од слободен удар (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 ја совлада Бреша, Дибала прекрасно погоди од слободен удар кон финишот на првото полувреме а Квадрадо ги осигура трите бода во продолжението од мечот.

„Старата дама“ без многу проблеми ја доби пресметката со Бреша на домашен терен. Маурицио Сари реши да одмори неколку играчи, Кристијано Роналдо не беше во составот, а на клупата се најдоа Пјаниќ, Матуиди и Де Лихт. Даглас Коста и Федерико Бернардески се повредени, па Квадрадо доби шанса во нападот покрај Дибала и Игуаин.

И покрај големите проблеми, Јувентус рутински славеше со 2-0. Дибала во финишот на првиот дел прекрасно погоди од слободен удар, а во продолжението од мечот Квадрадо финишираше едно двојно додавање со Матуиди за 2-0. Победата можеше да биде уште повисока, играчите на Јувентус неколку пати ја погодија рамката од голот.

Позитивно е тоа што Кјелини се врати по шест месеци и влезе од клупата, но лоши вести е повредата на Пјаниќ, кој не издржа ниту десет минути по влегувањето во игра во второто полувреме.

На останатите натпревари од 15 часот, Фиорентина со убедливи 1-5 триумфираше на гостувањето кај Сампдорија, а Парма минимално славеше со 0-1 кај Сасуоло. На првиот денешен натпревар, Удинезе и Верона одиграа 0-0.

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе