Маурицио Сари сака да ја гради играта околу Бразилецот

Јувентус и Барселона договориле трансфер на Артур вреден 80 милиони евра

Според пишувањата на Скај Спортс, Барселона и Јувентус имаат договор за трансфер на Артур Мело, „старата дама" се сложила да плати 80 милиони евра, но Бразилецот се уште не е убеден за преселба во Торино.

За трампата Пјаниќ-Артур се шпекулира со месеци, се чинеше дека зделката нема да се реализира откако Бразилецот одби да се пресели во Јувентус, но во последните неколку дена ситуацијата се промени.

„Бјанконерите“ на Артур Мело му понудиле плата од 5 милиони евра по сезона, два ипол пати повеќе од она што го заработува на Камп Ноу, па тој сега е отворен за идејата да го облече дресот на шампионот на Италија.

Вечерва, Скај Спортс пренесе дека паднал договор помеѓу Барселона и Јувентус, односно „старата дама“ се сложила да плати 80 милиони евра за Бразилецот. Медиумот од Англија додава дека Маурицио Сари сака средниот ред и играта да ја гради околу Артур Мело и инсистира на негов ангажман, но играчот се уште не е убеден.

Што се однесува до Миралем Пјаниќ, Јувентус бара 70 милиони евра за услугите на Босанецот, но Барселона смета дека тој не вреди толку многу, односно само 10 милиони евра помалку од Артур Мело.

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе