Ќе го отплаќаат пет години

Јувентус го потврди договорот со Кулушевски и ги објави деталите од трансферот

Јувентус го потврди трансферот на Дејан Кулушевски и ги објави деталите за договорот. 

19-годишниот фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски од денеска е член на Јувентус но сезоната ќе ја доигра како позајмен играч на Парма.
 
Јувентус транспарентно ги објави сите детали околу трансферот.
 
„Јувентус соопштува дека постигна договор со Аталанта за регистрација на правата за играчот Дејан Кулушевски, зделката изнесува 35 милиони евра кои ќе се исплаќаат во пет финансиски години. Сумата може да достигне максимум уште девет милиони евра плус во зависност од исполнување на бонусите во договорот“, стои во соопштението на Јувентус.
 
„Јувентус и фудбалерот потпишаа договор со трајност до 30 јуни 2024. Во исто време Јувентус постигна договор со Парма за позајмица до крајот на сезоната“.
 
Аталанта ќе направи огромен профит од Дејан Кулушевски, тие го купија фудбалерот за само 165.000 евра од ИФ Брома.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе