„Дерби на Италија“

Јувентус го покори Интер во Милано и се искачи на првото место во Серија А (ВИДЕО)

Јувентус со 2-1 го доби големото дерби против Интер во Милано, одличен дуел меѓу големите ривали по кој се радуваше актуелниот шампион.

Возбудливо „Дерби на Италија“ се одигра во Милано, три гола, шанси, поништени голови, тензија...
 
Дека ќе биде возбудливо најави Дибала уште во четвртата минута кога постигна гол за водство на Јувентус од 1-0.
 
Само неколку минути подоцна Кристијано Роналдо ја погоди пречката од голот на Интер, Јувентус за малку ќе го зголемеше водството.
 
Во 16. минута пенал за Интер, Де Лихт играше со рака, судијата Роки покажа на белата точка, а Лаутаро Мартинез биеше прецизно за израмнување на 1-1.
 
Пред крајот на првото полувреме Кристијано Роналдо даде гол по една убава акција, но Дибала беше во офсајд, со помош на ВАР погодокот беше поништен.
 
Вториот дел не беше возбудлив како и првиот дел, но големата борба и пожртвуваност не изостана.
 
На десет минути до крајот прекрасна акција на Јуве, Роналдо додаде до Дибала кој асистираше до Игуаин а тој погоди за победа од 2-1.
 
Со оваа победа Јувентус се искачи на првото место во Серија А со 19 бода, Интер има бод помалку на второто место.

Лустрацијата беше непотребна и смешна фарса, неуспешна пресметка и понижување на политичките неистомисленици. За ветингот да успее, треба да ги опфати сите.

повеќе

Законски да се регулира дека за амбасадорските места ќе има интерен (во МНР) оглас и кандидирање на заинтересираните.

повеќе

Кодификацијата на бугарскиот јазик се случила цели шест месеци и 25 дена покасно од кодификацијата на македонскиот јазик.

повеќе