Серија А

Јувентус го победи Интер и се врати на врвот во Серија А (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 го победи Интер во „Дербито на Италија“ и повторно е на првото место во Серија А. 

Италијанскиот шампион одигра меч со одлично второ полувреме кога беше решен победникот, Интер изгледаше немоќно.
 
Во првиот дел екипите беа израмнети иако Јувентус беше тимот кој беше поконкретен.
 
Резултатот беше отворен во 55. минута кога Арон Ремзи дојде до една топка и ја смести во мрежата на Хандановиќ за водство на Јуве од 1-0.
 
По дадениот гол Јувентус почна да игра полесно, воспостави доминација на теренот која траеше до самиот крај.
 
Во 67. минута Пауло Дибала постигна прекрасен гол и ги постави конечните 2-0.
 
Роналдо ако постигнеше гол ќе беше фудбалерот со најмногу погодоци по ред во Серија А, Португалецот во самиот финиш имаше две големи шанси, но не ги реализираше.
 
Јувентус со овие три бода се врати на врвот и сега има еден повеќе од Лацио и дури девет од Интер кој има и натпревар помалку.

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе