Лига на шампиони

Јувентус го победи Челси, Бенфика ја понижи Барселона, Роналдо во 95. минута донесе победа за Јунајтед (ВИДЕО)

Јувентус со 1-0 го доби дербито со Челси, Барселона доживеа дебакл во Лисабон откако со 3-0 загубија од Бенфика, Кристијано Роналдо со гол во 95. му донесе победа на Маннчестер јунајтед против Виљареал. 

Со гол на Киеза на самиот старт од второто полувреме, Јувентус со 1-0 го победи Челси.
 
Тимот на Алегри главно играше дефанзивно, особено по дадениот гол. Челси имаше посед, се мачеше да создава шанси, одбраната на Јувентус беше беспрекорна и ја задржа предноста.
 
Барселона доживеа нов тежок пораз во Лигата на шампионите, овој пат неочекувано загуби со 3-0 од Бенфика. Нуњез даде два гола, Силва реализираше еден.
 
Кристијано Роналдо со гол во 95. минута му донесе победа на Манчестер јунајтед од 2-1 против Виљареал.
 
Претходно Виљареал поведе со гол на Алкасер во 53. минута, а седум минути подоцна Телес постигна прекрасен погодок за израмнување на 1-1.
 
Баерн Минхен со убедливи 5-0 го победи Динамо Киев, два гола постигна Левандовски, по еднаш реализираа Гнабри, Сане и Чупо Мотинг.
 
Салцбург со 2-1 го победи Лил, Волсбург и Севиља одиграа нерешено 1-1. Претходно Зенит со 4-0 беше подобар од Малме, Аталанта со 1-0 славеше над Јанг Бојс.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе