Серија А

Јувентус го доби големото дерби, Рома промаши пенал (ВИДЕО)

Јувентус со 1-0 ја победи Рома во големото дерби, значајни три бода за тимот на Алегри кои продлжува да се искачува на табелата по лошиот старт на сезоната. 

Јувентус конечно одигра меч во Серија А без да прими гол и дојде до многу значајна победа.
 
Единствениот гол на мечот го постигна Кин во 16. минута, биеше Бентакур со глава, топката удри во Кин и заврши во мрежата на Руи Патрицио.
 
Во 44. минута гол даде и Рома, но судијата Орсато не им дозволи да се израдуваат на погодокот, досуди пенал за нив кој го промаши Верету, Шчесни го одбрани неговиот удар.
 
Во второто полувреме Рома се обидуваше да дојде до израмнување, но Јувентус одлично се бранеше, го сочува водството и се радува на победа.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе