Јувентус

Јувентус е подготвен да плати 120 милиони евра за 19-годишен фудбалер?

Јувентус со години веќе доминира во Италија, но не планира да запре, „Старата Дама“ сака да ја покори и Европа па размислува на иднината. 

„АС“ пишува дека Јувентус е подготвен да ја плати откупната клаузула за офанзивниот фудбалер на Бенфика, Португалецот Жоао Феликс.
 
Сумата изнесува 120 милиони евра иако фудбалерот има само 19 години.
 
Весникот пишува дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи веќе имал разговори со претседателот на Бенфика Луис Фелипе Виеира и агентот на Феликс, познатиот Жорге Мендеш.
 
Жоао Феликс постигна 11 голови и имаше шест асистенции за Бенфика оваа сезона, еден од нив е и водечкиот гол против Порто во саботата.
 
„АС“ исто така пишува дека Јувентус е заинтересиран и за дефанзивецот на Бенфика, Рубен Диас кој се проценува на околу 60 милиони евра.
 

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе