Полицијата од Лас Вегас бара ДНК од ЦР7 по обвинувањата за силување

Јуве наместо во САД ќе оди на турнеа во Азија, се плаши Роналдо да не биде приведен!

Поради можноста Кристијано Роналдо да биде приведен во САД, Јувентус оваа година ќе замине на турнеа во Азија и мечевите од Меѓународниот куп на шампиони ќе ги игра во Сингапур и Кина.

Следната недела ќе бидат објавени учесниците и натпреварите за Меѓународниот куп на шампиони, натпреварување кое гигантите од Европа го користат за подготовки за новата сезона, промоција и прибирање десетици милиони евра во клупските каси. 

Според пишувањата на Њујорк Тајмс, Јувентус и организаторите се договориле оваа година „Старата Дама“ да не патува во САД и своите мечеви да ги одигра во Азија. 

Весникот вели дека главна причина за ова е Кристијано Роналдо. ЦР7 во септември минатата сезона доби тужба од Катрин Мајорга за силување, а полицијата од Лас Вегас повторно го отвори случајот од 2009 и побара ДНК од Португалецот. 

И покрај тоа што ЦР7 постојано велеше дека е невин, Јувентус се плаши дека Кристијано Роналдо би можел да биде уапсен доколку отпатува во САД, па оваа година ќе оди на турнеа во Сингапур и Кина.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе