Начелно се договориле

Јуве и Барса прават голема трампа: Пјаниќ, Де Шиљо и 25 милиони евра за Семедо

Според пишувањата на каталонскиот весник Спорт, Барселона и Јувентус начелно договориле трампа според која Нелсон Семедо ќе се пресели во Торино во замена за Миралем Пјаниќ, Матијас Де Шиљо и 25 милиони евра.

Со недели се шпекулира дека Миралем Пјаниќ се има договорено со Барселона, и останува „каталонците“ да пронајдат формула со Јувентус за условите под кои ќе се реализира трансферот.

„Старата дама“ го побара Артур Мело, но Бразилецот одби да замине од Камп Ноу.

Се чинеше дека преговорите се блокирани и дека Јувентус преговара за слична зделка со Челси (трампа на Пјаниќ за Жоржињо и Емерсон), но според пишувањата на Спорт, начелно е постигнат договор помеѓу двата клуба.

Каталонскиот весник пишува дека Барселона и Јувентус си подале рака за трансфер според кој десниот бек Нелсон Семедо ќе се пресели во Торино во замена за Миралем Пјаниќ и Матијас Де Шиљо а „старата дама“ плус ќе доплати и 25 милиони евра, пари кои клубот од Камп Ноу ќе ги стави во фондот наменет за услугите на Лаутаро Мартинез од Интер.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе