Лига на шампиони

Јуве го освои „Камп Ноу“ и првото место, Роналдо со два гола ја продолжи мизеријата на Барса (ВИДЕО)

Јувентус го освои првото место и на хартија ќе има полесна ждрепка во осминафиналето откако вечерва со 0-3 триумфираше на гостувањето кај Барселона.

Кристијано Роналдо ја продолжи мизеријата на Барса, Португалецот два пати погоди и помогна Јувентус да слави со 0-3 на Камп Ноу. Со овој резултат, „старата дама“ го освои првото место во групата и на хартија ќе има полесна ждрепка во осминафиналето.

Резултатот беше отворен во 13. минута, Араухо го собори Роналдо во шеснаесетникот, судијата досуди пенал а ЦР7 од белата точка донесе 0-1.

Барса тешко влегуваше во ритам и за кратко одново капитулираше. Квадрадо нафрли а Меккини атрактивно закачи волеј за 0-2 по дваесет минути игра.

На стартот од вториот дел беше досуден нов пенал, Ленгле играше со рака, топката одново беше наместена на белата точка а Роналдо не погреши и зголеми на 0-3.

Домаќините очајно бараа гол кој ќе ги врати во игра, имаа неколку добри шанси но не реализираа. На спротивната страна, Бунучи ја затресе мрежата на Тер Штеген, но голот беше поништен поради офсајд.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе