„Ѓаволите“ не се откажуваат

Јунајтед му нуди рекордна плата на Погба, соблекувалната смета дека Французинот не ја заслужува

Според пишувањата на Мирор, Манчестер јунајтед му нуди 500.000 фунти неделно на Пол Погба, соблекувалната пак смета дека Французинот не заслужува ваква плата.

Пол Погба ги одработува последните месеци од договорот но „ѓаволите“ не се откажуваат и сакаат да го задржат. Според пишувањата на Мирор, Манчестер јунајтед на Французинот му нуди 500.000 фунти неделно за да ја продолжи соработката, односно основна плата од 400.000 фунти неделно, плус бонуси од 100.000 фунти.

Со вакви примања, Пол Погба ќе има рекордна плата во Премиерлигата.

Мирор додава дека оваа сума исто така прави проблем во соблекувалната, голем број на играчи се бесни и сметаат дека Пол Погба не заслужува 500.000 фунти неделно со игрите кои ги прикажува, честите повреди, како и тоа што во неколку наврати има говорено за трансфер.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе