Лига Куп

Јунајтед и Сити со убедливи победи се пласираа во четвртфиналето од Лига Купот (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 3-0 славеше на гостувањето кај Барнли, со истиот резултат Манчестер јунајтед го совлада Брајтон на негов терен, Евертон со 4-1 беше подобар од Вест Хем. 

Тимот на Пеп Гвардиола немаше проблеми да дојде до четвртфиналето во Лига Купот на Англија откако убедливо со 3-0 го совлада Барнли.
 
Рахим Стерлинг беше стрелец на два гола, еден постигна Торес.
 
Со 3-0 победи и Манчестер јунајтед кај Брајтон, натпреварот беше многу понеизвесен од нивниот дуел во Премиерлигата.
 
МекТоминеј, Мата и Погба беа стрелци на головите за Јунајтед.
 
Карло Анчелоти го извади првиот состав против Вест Хем и тоа му донесе убедлива победа од 4-1.
 
Калверт Луин постигна хет-трик, Ришарлисон беше стрелец на еден гол, Сондграс реализираше за Вест Хем.
 
Њукасл дури преку пенали го совлада четвртолигашот Њупорт, резултатот во регуларниот дел беше 1-1.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе