Премиерлига

Јунајтед и Арсенал приредија шоу, Вулверхемптон го изненади Челси (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед и Арсенал одиграа возбудлив меч со четири погодока, „топчиите" два пати водеа но „ѓаволите" не дозволија да бидат поразени, Челси со празни раце се враќа од гостувањето кај Вулверхемптон.

Манчестер јунајтед и Арсенал приредија шоу на „Олд Трафорд“. Двата тима одиграа борбено, со многу грешки па на крајот љубителите на фудбалот видоа четири гола, а имаше шанси и за уште некој погодок.

Резултатот беше отворен во 26. минута, по еден прекин, Мустафи биеше со глава, Де Хеа лошо интервенираше и дозволи топката да заврши зад неговиот грб.

Водството на Арсенал сепак траеше само четири минути. Лено го одбрани слободниот удар на Рохо, но прв до одбиената топка стигна Ерера кој веднаш ја врати во петерецот за осамениот Марсијал да погоди за 1-1.

„Топчиите“ стигнаа до нова предност во 68. минута. По една брза акција, Лаказет се најде пред Де Хеа, Рохо со лизгачки старт се обиде да блокира но само помогна топката да се стркала покрај стативата за огромна радост на гостите.

Но веќе во следната акција играчите на Арсенал вратија во иста мера. Само што тргна Мачестер од центар, Колашинац лошо реагираше во шеснаесетникот и му овозможи на Лингард да изедначи на 2-2.

Обамејанг потоа имаше голема шанса по трет пат да донесе водство за Арсенал, но Де Хеа со одлична интервенција одбрани. Лаказет се обиде итро да постигне гол и со глава ја изби топката од рацете на Де Хеа, но судијата ја стопираше играта. Мрежата ја затресе и Мхитарјан, но и тој беше во недозволена ситуација односно офсајд.

Челси со празни раце се враќа од гостувањето кај Вулверхемптон и покрај тоа што на пауза замина со предност од 0-1 со голот на Лофтус Чик. Домаќините во продолжението од мечот најпрво изедначија преку Хименез во 59. минута, а за потоа Жота да погоди за 2-1 во 63. минута и да приреди големо изненадување.

 

Ливерпул продолжува да го држи чекорот со лидерот Манчестер Сити и вечерва со 1-3 триумфираше на гостувањето кај Барнли. Тотенхем се рехабилитираше од поразот во дербито на Северен Лондон со лесна победа од 3-1 над Саутемптон.

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе