Вметнале специјална клаузула при разделбата

Јунајтед го копира Челси за да не остане со празни раце, ќе добие 10 милиони доколку Мурињо заврши во Реал

„Црвените ѓаволи" си обезбедиле специјална клаузула при разделбата со Жозе Мурињо, доколку Португалецот наскоро си најде нов ангажман, тие ќе добијат најмалку 10 милиони фунти.

По поразот од Ливерпул на средината од декември, Манчестер јунајтед реши да се раздели со Жозе Мурињо. Поради предвремениот прекин на соработката, „ѓаволите“ му исплатија на Португалецот 15 милиони фунти.

Но според пишувањата на „Сан“, Ед Вудворд го следел примерот на Челси и вметнал специјална клаузула. Кога Мурињо доби отказ од Челси во декември 2015, „сините“ ставиле клаузула според која тие ќе добијат обесштетување доколку тој се врати на работа во следните 12 месеци.

За клуб од Премиерлигата сумата изнесувала 15 милиони фунти (колку што плати и Манчестер јунајтед), а за клуб од друго првенство имало мал попуст и сумата била 10 милиони фунти.

Па „Сан“ вели дека идентични услови се поставени и сега при разделбата на Манчестер јунајтед и Жозе Мурињо, и доколку „специјалниот“ го превзеде Реал Мадрид како што се шпекулира, „ѓаволите“ ќе добијат 10 милиони фунти.

Во дипломатијата како гранка од јавно политичкиот живот професионалните кадри треба да бидат повеќе застапени од политичките.

повеќе

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе