БРАЗИЛ ПРОТИВ ХРВАТСКА НА ОТВОРАЊЕТО НА МУНДИЈАЛОТ

Југославија никогаш нема загубено од Бразил во прв натпревар на СП (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Бразил, веќе 80 години нема доживеано пораз на прв натпревар на Светско првенство, факт што треба да ја загрижи селекцијата на Хрватска, која ќе се соочи со домаќинот на отворањето на најголемиот спортски настан оваа година.

Од вкупно 19 те настапи на Мундијалите, петкратниот светски првак Бразил има загубено само два пати. Во далечната 1930 та година од репрезентацијата на Југославија со 1:2 и четири години подоцна во 1934 година на СП во Италија, од  Шпанија со 1:3. Оттогаш бразилците имаат нанижано 15 победи и два нерешени резултати.

Единствените две селекции кои по 1934 година успеале да го запрат Бразил се Југославија и Шведска. Во Франкфурт (1974), Југославија одиграла нерешено, без голови со кариоките 0:0. На ова Светско првенство, Бразил завршил на четвртото место.

Четири години подоцна, на СП во Аргентина, Бразил на стартот ремизирал со Шведска 1-1, а на крајот го освоил третото место.

Хрватска по втор пат во историјата ќе се соочи со Бразил во првото коло. Во воведната рунда, хрватите се сретнаа со Бразил пред осум години во Берлин, кога претрпеа минимален пораз  1-0. Кака беше стрелец на единствениот погодок.

 

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе