Квалификации за ЕП 2020

Јубилејот ќе почека, Роналдо со 99. погодок го потврди настапот на Португалија на ЕП, Србија ќе мора преку бараж (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо погоди во финишот против Луксембург за својот 99. погодок во националниот дрес и го потврди настапот на Португалија на Европското првенство, Србија одигра 2-2 со Украина и својата шанса ќе ја бара преку бараж.

Познат уште еден патник на завршницата од ЕВРО 2020, Португалија денеска обезбеди пласман на континенталниот собир. Актуелниот шампион триумфираше со 0-2 на гостувањето кај Луксембург и ги реши сите дилеми.

На прилично лош терен за игра, Бруно Фернандеш погоди пред крајот на првиот дел, а во последните мигови од мечот, Кристијано Роналдо на гол-линијата ја удри топката за голот број 99 во националниот дрес и ги потврди трите бода.

На вториот меч од оваа група, Србија во два наврати водеше против Украина но на крајот мечот заврши 2-2, На домаќините ниту победа не им значеше ништо со оглед на резултатот во Луксембург, па тие својата шанса за Европското првенство ќе ја бараат преку бараж во Лигата на нации.

src='https://hofoot.vidcrt.net/embed00/D8QoyU2Rt5' style='border:none;' allowfullscreen>

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе