Премиерлига

Јубилеј на Хари Кејн, Тотнем конечно врза две победи по ред (ВИДЕО)

Тотнем со 3-1 победи на гостувањето кај Њукасл, Хари Кејн го постигна јубилејниот 200. клупски гол, Манчестер Сити со 2-1 беше подобар од Борнмут, Вулвс во 96. минута пропушти победа кај Барнли. 

Тотнем конечно врза две победи во серија, овој пат тимот на Мурињо дојде до три бода од гостувањето кај Њукасл.
 
Резултатот го отвори Сон во 27. минута, но по десет минути игра во вториот дел Ричи изедначи на 1-1.
 
Радоста на домаќините траеше кратко, Хари Кејн со глава во 60. минута погоди за ново водство на Тотнем, овој пат од 2-1.
 
Ова беше 200. гол во клупската кариера за Хари Кејн.
До крајот на мечот тој дојде и до 201 гол откако во 90. минута постигна нов погодок и ги постави конечните 3-1 за неговиот тим.
 
Манчестер Сити со 2-1 славеше над Борнмут.
 
Давид Силва постигна прекрасен гол уште во шестата минута од слободен удар, Габриел Жесус во 39. зголеми на 2-0. Букс во 88. постигна почесен гол за Борнмут.
 
Волвс кој се бори за местата во Европа, имаше водство кај Барнли со гол на Раул Хименез во 76. минута, но Вуд од пенал во 96. изедначи на 1-1.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе