Србинот продолжува да е во центартот на вниманието поради погрешни причини. Последните информации велат дека Лука Јовиќ не смее да се појави на тренинг на Реал, напаѓачот бил во контакт со лице позитивно на коронавирус.
Се работи за негов другар, кој во понеделникот пристигнал во Мадрид од Белград.
Лука Јовиќ бил тестиран, тој е негативен, но протоколите налагаат да остане дома во самоизолација во знак на претпазливост.
Голгетерот, за кого минатото лето беа платени високи 60 милиони евра, ќе се врати на тренинг дури откако и вториот тест ќе му биде негативен.
Реал Мадрид е на чекор до титула во Ла Лига, па „кралевите“ не сакаат ништо да ризикуваат и мали се шансите Лука Јовиќ да се најде во составот за мечот со Алавес во петок.