Србинот веднаш влезе во голгетерска форма

Јовиќ блесна и за половина час постигна два гола за Ајнтрахт, во Реал му требаа 32 натпревари! (ВИДЕО)

Лука Јовиќ имаше кам-бек од соништата во Ајнтрахт Франкфурт, Срибинот за половина час игра два пати ја тресеше мрежата на Шалке и донесе триумф од 3-1.

Напаѓачот се пресели во Реал Мадрид во јуни 2019 за 60 милиони, се очекуваше многу од него, но тој може да се пофали само со два гола.

Пред неколку дена Србинот се пресели на позајмица во Ајнтрахт Франкфурт за да се врати во голгетерска форма и да си ја врати самодовербата и не му требаше многу за повторно да блесне.

Денеска против Шалке, Лука Јовиќ влезе во игра во 62. минута и само десет минути подоцна со полуволеј ја искина мрежата на гостите и донесе 2-1.

Во финишот од мечот, домаќините тргнаа во контра, Јовиќ доби топка во фор, убаво се ослободи од чуварот и прецизно биеше на првата статива за 3-1 и за половина час игра го изедначи голгетерскиот скор што го имаше во дресот на „кралевите“ во сезона ипол.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе