Фудбалерот на Вест Хем ќе полудел

Јармоленко го пратил семејството во Киев ден пред војната: Сакав да си ја удрам главата од ѕид

Фудбалерот на Вест Хем, Андриј Јармоленко открива дека го испратил семејството во Киев еден ден пред Русија да почне воена интервенција во Украина, вели дека сакал да си ја удри главата од ѕид.

На 24. февруари, целиот свет на Андриј Јармоленко се срушил. Кога се разбудил, главна вест била воената итервенција на Русија во Украина, напаѓачот не можел да си прости откако ден претходно го испратил семејството во Киев.

„Пристигнав во тренинг центарот но не можев да зборувам, а не па да тренирам. Ми течеа солзи. Го прашав тренерот да ме пушти да си одам дома и почнав да се прашувам, „Што да правам следно?“ Не верував дека ова може да се случи. Го испратив семејството во Киев бидејќи моето дете имаше закажано преглед на доктор“ – раскажува фудбалерот на Вест Хем.

„Па можете да замислите како ми беше кога почна војната. Сакав да избегам, сакав да си ја удрам главата од ѕид. Каква будала сум, го испратив семејството во Киев а јас останав во Лондон“.

За среќа, неговото семејство безбедно ја напуштило Украина и се вратило во Англија преку Полска.

„На почетокот не можев да спијам, не можев да јадам, постојано бев на телефон, разговарав со роднини и пријатели. Дејвид Мојс ми дозволи да не тренирам, но по одредено време чувствував дека ќе полудам, дека ми е потребнo на момент да мислам на нешто друго, па се вратив на тренинзите“.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе