Лига Европа

Јаневски: Заслуживме со три бода да ја завршиме авантурата во Европа, штета што не го победивме Розенборг

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски жали што не славеле во дуелот со Розенборг, вели дека „Црвено-црните" заслужиле победа за крај на авантурата во Лига Европа

Во последното коло од групната фаза во најмасовното европско натпреварување, Вардар на домашен терен одигра 1-1 против Розенборг и го освои првиот бод.

„Црвено-црните“ беа одлични во првото полувреме, имаа неколку добри шанси, па Џедомир Јаневски жали што неговите избраници не стигнале до цел плен и авантурата во Лига Европа ја завршуваат само со еден освоен бод.

„Честитки за фудбалерите за извонредната игра, особено во првите 45 минути” – рече тренерот на Вардар на прес конференцијата по крајот на натпреварот.

„Имавме неколку убави шанси, дадовме гол, но за жал ова не успеавме да го крунисаме со три бода, штета што не победивме. Во вториот дел малку паднавме, но и покрај тоа ја имавме најубавата шанса, онаа на Новак. Среќата не не посака, заслуживме три бода”.

„Честитки за оваа генерација на Вардар за настапот во Европа, стигнавме до еден бод, но сакавме повеќе. Не можеме да бидеме задоволни со еден бод”.

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе