Зенит - Вардар

Јаневски: Одбранетиот пенал ни даде позитивна енергија

Тренерот на Вардар, Чеде Јаневски е задоволен од играта на своите фудбалери на гостувањето кај Зенит иако не е задоволен од крајниот исход на натпреварот.

Вардар одигра храбар меч, но доживеа нов пораз. Црвено-црните загубија, но заслужија реми. За Јаневски клучен момент на мечот беше одбранетиот пенал на Гачевски.
 
„Мислам дека беше убав и добар натпревар со два тима кои сакаа да победат. Како што реков и претходно, за да направиме добар резултат тука, мора да бидеме добро организирани и да не правиме многу грешки. Нормално беше да Зенит пред својата публика нападне во првите 15. минути, и ние се плашевме да не примиме гол како во Скопје. Примивме гол кој што не беше многу тешко да се одбрани, и моравме подобро да реагираме“, вели Јаневски.
 
„Потоа дојде и пеналот кој што за мене е многу сомнителен, и благодарение на нашиот голман го одбрани. Тоа беше клучен момент да веруваме до крајот на мечот дека можеме да направиме нешто повеќе. Тоа ни даде позитивна енергија. Создававме неколку полушанси, и не направивме да одиме на полувреме со еден постигнат гол, а примивме втор“.
 
„Во вториот дел и со игра и со посед тимот добро одговори на поставените задачи, не се уплашивме и на моменти бевме поопасни од противникот. Дадовме гол но за жал доцна. Одигравме подобро од Скопје, само можам да кажам дека не сум задоволен од крајниот резултат. Честитки до Зенит за победата“.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе