Лига на шампиони

Изненадување во составот на ПСЖ, Емери ќе го седне капитенот на клупа за пресметката на Бернабеу

Според информациите кои пристигнуваат од Франција, „Светците" против Реал на Бернабеу ќе истрчаат без капитенот и столбот во одбраната, Тиаго Силво ќе седи на клупата за резерви

Реномираниот Лекип пренесува дека Унаи Емери донел одлука младиот Преснел Кимпембе да му биде партнер на Маркињос во срцето на одбраната на првиот дуел со Реал Мдрид во Лигата на шампионите.

Весникот пренесува дека тренерот на ПСЖ утрово го известил капитенот Тиаго Силва дека за него ќе нема место во стартниот состав, Бразилецот бил прилично изненаден од ваквата одлука.

Лекип додава дека овој потег на стратегот можел да се насети уште вчера кога на пресот покрај Унаи Емери се појави Маркињос, кој треба да ја добие капитенската лента во отсуство на Тиаго Силва и Тиаго Мота.

Останува да се види која е причината зад ваквата одлука, дали е тактичко изненадување или пак има некои проблеми во соблекувалната.

Преснел Кимпембе оваа сезона во Лигата на шампионтие има одиграно нешто над 100 минути.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе