Премиерлига

Изненадување на Олд Трафод, Кристал Палас втора година по ред слави на гости кај Манчестер јунајтед (ВИДЕО)

Кристал Палас втора година по ред со три бода си заминува од гостувањето кај Манчестер јунајтед, вечерва избраниците на Рој Хоџсон славеа на Олд Трафорд со 1-3.

„Ѓаволите“ се изненаден на отварањето на новата сезона од Премиерлигата, вечерва загубија дома од Кристал Палас со 1-3. Гостите рано најавија дека ќе му создадат многу главоболки на Оле Гунар Солшер и поведоа во 7. минута. Таусенд беше најбрз на подалечната статива и додавањето на Шлуп го претвори во водство од 0-1.

Во 72. Минута беше покажано на белата точка со помош на ВАР поради играње со рака на Линделоф, Ају биеше но Де Хеа одбрани. Сепак, судијата нареди пеналот одново да се изведе бидејќи голманот не газел на линијата. Заха ја превзеде одговорноста и погоди за 0-2.

Пет минути подоцна, Дони ван де Бек искористи една неспредност на гостинските дефанзивци за свјот деби гол во Премиерлигата и ја врати надежта кај домаќините.

Сепак, во 85. минута, Заха доби премногу простор од Линделоф и по втор пат погоди за 1-3, па Кристал Палас втора година по ред си замина од Олд Трафорд со три бода.

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе