Наспроти тврдењата на агентот

Излегоа слики од разговор на „Ватсап“, од Кардиф му нуделе лет на Сала, тој одбил (ФОТО)

Се појавија слики од конверзација на „Ватсап“ меѓу човек на Кардиф и Сала, наспроти тврдењта на агентот Вили Мекеј, клубот му понудил лет на напаѓачот. 

Мекеј го обвини Кардиф дека имале фудбалер од 17 милиони евра а дозволиле тој сам преку лаптоп од хотелот да си бара лет до Нант.
 
Ваквите тврдења на Мекеј, Кардиф ги демантираше, а сега се појави и разговор меѓу човекот од Кардиф задолжен за Сала и самиот фудбалер кој ја одбил понудата од клубот да му биде организиран лет.
 
Пораките се на француски и шпански.
 
 
Човекот од Кардиф: (палец емотикон)
Емилијано Сала: Благодарам многу
Човекот од Кардиф: Ништо пријателе. пишувам шпански подобро отколку што зборувам
Емилијано Сала: Ха ха многу добро
Човекот од Кардиф: Мојата дефојка зборува шпански. Таа е наставничка (споделува детали од комерцијален лет)
Човекот од Кардиф: Ова е една опција. Кардиф - Прис. Но рано е.
Емилијано Сала: Пријателе, добро е. Имам лет утре до Нант и се враќам во понеделник вечер во Кардиф. Вили Мекеј ми се јави.
Човекот од Кардиф: Во ред. Дали договори цена со него?
Емилијно Сала: Да, добро е. Ќе зборуваме утре пред да заминам за Нант.
Човекот од Кардиф: Во ред. Кое време леташ?
 

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе