Капитенот на Дерби сериозно повреден, за него заврши сезоната

Излегле на вечера да го подобрат тимскиот дух па убаво се опијаниле и направиле сообраќајка

Капитенот на Дерби, Ричард Киох заработил сериозна повреда и за него сезоната е завршена откако со уште неколку соиграчи убаво се опијаниле во вторникот вечерта и направиле сообраќајка.

Фудбалерите на Дерби во вторникот се собрале на вечера за да го подобар тимскиот дух, а неколкумина решиле да се опуштат малку повеќе и продолжиле да пијат до полноќ.

Ваквата одлука на крајот се покажала катастрофална откако Мартин Лоренс со својот Рејнџ Ровер удри во бандера, а потоа се судрил и со Мерцедесот на соиграчот Мејсон Бенет. Двајцата поминале без повреди, но настрадал капитенот Ричард Киох, кој има сериозна повреда на коленото и за него сезоната заврши.

Лоренс и Бенет биле приведени, против нив е покренато обвинение дека возеле во алкохолизирана состојба и следниот месец ќе треба да се појават на суд.

Дерби го осуди инцидентот и најави ригорозни казни: „Мала група фудбалери, во која бил и нашиот капитен Ричард Киох, продолжиле да пијат во ноќта. Требале да знаат кога е доста, а исто така ја игнорирале и можноста да бидат пренесени дома со автомобили кои им ги обезбеди клубот“.

„Играчите инволвирани во овој немил настан се под интерна истрага и на дисциплинска постапка. Знаат дека ќе платат голема цена за своите постапки, но и дека ќе ја добијат потребната поддршка за да се рехабилитираат и вратат во тимот“.

Дерби лани играше плеј-ов за враќање во елитата, но на стартот од оваа сезона резултатите се далеку под очекувањата со само една победа на осум натпревари.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе