Големо признание за македонскиот играч

Иван Тричковски избран за најдобар фудбалер во Кипар

Македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски ја доби наградата за најдобар фудбалер на сезоната во Кипар според гласовите на тренерите од таа земја.

Тричко имаше фантастична сезона, и покрај повредите поради кои испушташе мечеви, даде 24 голови на 29 натпревари.
 
Тој со АЕК Ларнака играше и во групната фаза од Лига Европа, во европските мечеви имаше учинок од шест голови и шест асистенции.
 
Оваа сезона тој стана рекордер по бројот на голови во АЕК Ларнака, а стана и најдобриот странец стрелец во кипарското првенство.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе