ФК Работнички

Иван Марковиќ е ново засилување на Работнички

Српскиот фудбалер, Иван Марковиќ потпиша едногодишен договор со Работнички, тој ќе биде засилување за офанзивните позиции. 

Работнички промовираше уште едно засилување, се работи за 25-годишниот српски напаѓач Иван Марковиќ кој може да игра и како офанзивен фудбалер во средниот ред. Тој доаѓа од грчкиот клуб Каламата.
 
Младинскиот стаж го стекнал во српскиот клуб Партизан, а потоа гради и интернационална кариера. Бил член на Корона Кјелце (Полска), ЦСКА Софија (Бугарија), Левадијакос (Грција), Черно Море (Бугарија), Геонгам (Кореја), Ескилстуна (Шведска). Во Србија има настапувано за Вождовац и за Радник.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе