Хаос во Серија А

Италијанците не знаат кај тераат: Сите чекаа абер дека првенството е прекинато, на фудбал сепак ќе се игра

Голем хаос во Серија А, фудбалерите на Парма и СПАЛ се повлекоа во соблекувална откако им беше најавено дека првенството ќе се прекине, но половина час подоцна пристигна одлука дека фудбал сепак ќе се игра.

Асоцијацијата на фудбалери повика првенството да биде прекинато се додека коронавирусот не се стави под контрола, а ваквата идеја ја поддржа и Миниестерот за спорт и тоа непосредно пред почетокот на дуелот помеѓу Парма и СПАЛ, прв од петте натпревари кои треба да се играат денеска.

Па играчите на двата тима, наместо да излезат на терен, се вратија во соблекувална. Им беше кажано дека за половина час ќе пристигне официјална одлука. Но наместо абер за суспендирање на сезоната, беше решено дека фудбал сепак ќе има.

Мечот Парма-СПАЛ започне во 13:45 часот, а останатите ќе се играат во претходно предвидениот термин.

Медиумите од Италија исто така најавуваат дека утре е нов ден, и постои шанса првенството да биде прекинато.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе