Квалификации ЕВРО 2020

Италија за првпат по 1954 играше во зелени дресови и во рекордно време се пласираше на ЕВРО (ВИДЕО)

Италија постави нов сопствен рекорд откако со триумф над Грција се пласираше на Европско првенство на три кола пред крајот, Норвешка си ги задржа шансите откако во финишот од пенал се избори за бод против Шпанија.

Уште една репрезентација дојде до билeт за ЕВРО 2020, Италија и се придружи на Белгија откако вечерва избраниците на Роберто Манчини со 2-0 ја совладаа Грција. 

Италија, која за прв пат играше во зелени дресови по 1954 година, постави нов сопствен рекорд откако на три кола пред крајот се избори за пласман на Европското првенство. 

Домаќините доминираа, но се мачеа да креираат посериозна шанса. Резултатот беше отворен во 63. минута кога Бухалакис играше со рака во шеснаесетникот а Жоржињо од белата точка погоди за 1-0. Трите бода беа осигурани 15 минути подоцна, Бернардески упати удар од далечина, топката закачи еден од дефанзивците на Грција и заврши во долниот агол за 2-0. 

Норвешка со гол од пенал во финишот од мечот стигна до бод против Шпанија и колку толку си ги задржа шансите за континенталниот собир. 

„Црвената фурија“ поведе на стартот од вториот дел кога Суал биеше од врвот на шеснаесетникот а голманот на домаќините дозволи топката да му мине низ раце. 

Избраниците на Морено во продолжението не беа премногу расположени за надигрување, па казната стигна длабоко во судиското надополнување кога Кепа го собори Елабделауи, а Кинг од белата точка донесе 1-1. 

Во оваа Група Ф, Шведска со 0-4 триумфираше на гостувањето кај Малта, а Романија со 0-3 победи кај Фарски Острови и фаворитите стигнаа до три важни бода. 

Претходно, БиХ се врати во трката за место на ЕП откако со 4-1 ја совлада Финска, Еременија одигра само 1-1 против Лихтенштајн и испушти два важни бода, а Данска во завршницата стигна до големи три бода и триумф од 1-0 над Швајцарија. Груизја и Ирска во првиот меч денеска одиграа 0-0.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе