Лига на Нации

Италија ја испрати Англија во Лига Б, Унгарија ја изненади Германија во Лајпциг (ВИДЕО)

Италија со 1-0 ја совлада Англија и ја испрати во Лига Б, Унгарија ја изненади Германија во Лајпциг и го задржа првото место во групата.

Анлија се сели во ранг подолу во Лигата на нации, вечерва избраниците на Саутгејт загубија на гостувањето кај Италија, па на едно коло пред крајот немаат шанси за опстанок во елитата.

Единствениот гол на мечот падна во 68. минута, Бонучи испрати долга топка, Распадори убаво ја прими, се намести на шут и од работ на шеснаесетникот прецизно пласираше за 1-0 и голема радост.

Еден гол имаше и на вториот натпревар од групата, Унгарија ја изненади Германија и со 0-1 славеше во Лајпциг.

Херој на гостите беше Адам Салаи, кој одлично се снајде во 17. минута и го матираше Тер Штеген.

Со оваа победа, Унгарија остана на првото место и дома против Италија само ќе решава за учество на Ф4 турнирот.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе