Лига на нации

Исвиркувањето на химната дополнително ги мотивирало Бугарите

Бугарија со победа од 1-0 си замина од Скопје, Бугарите имаа жесток пречек во Македонија, а фудбалерот Валентин Антов вели дека тоа им дало дополнителна мотивација.

На Арената „Тодор Проески“, имаше 20.000 навивачи кои со свирежи ги пречекаа бугарските фудбалери, се исвиркуваше и нивната химна. 

Откако ја победија Македонија, Бугарите сега ликуваат, па Валентин Антов вели дека исвиркувањето на химната им дало поголема мотивација.

„Ова е прекрасно чувство, сега цела Бугарија може да биде среќна и да се радува за оваа победа. Заслуживме да се радуваме и да бидеме насмеани. Ни ја исвиркуваа химната, но тоа дополнително нѐ мотивираше. Очигледно дека промените во системот донесоа многу добри работи. Ќе уживаме во оваа победа и таа ќе ни биде водилка за иднината за нашиот напредок. Добро е што победивме и со 'чиста мрежа'“, изјави Валентин Антов.

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе