Никој во Јувентус не открива детали за соработката

Истражителите не го нашле „тајниот документ“, Роналдо ќе биде повикан на распит во Торино?!

Медиумите од Италија пренесуваат дека обвинителството од Торино размислува да го повика на распит Кристијано Роналдо, истражителите не успеале да го најдат „тајниот докумет" за економската соработка на ЦР7 со Јувентус.

Минатата недела, финансиска полиција влезе во канцелариите на Јувентус, се „чешла“ документацијата за трансферите од последните три сезони, постои сомнеж дека со искажување на високи, нерални суми, „старата дама“ правела капитална добивка и ги „штелувала“ сметките и балнсите.

Истражителите исто така добиле наредба да го најдат „фамозниот договор кој не постои“ со кој се дефинитра економската соработка помеѓу Јувентус и Кристијано Ронадо.

Се работи за приватен договор, и обвинителството за овој документ дознало од прислушкувани разговори. Но истражителите не го нашле овој „таен документ“, а ниту директорите кои се појавиле на распит не објасниле за што станува збор.

Роналдо беше дел од фудбаерите кои се откажаа од платите за месец март, април, мај и јуни 2020, кога клубот беше силно погоден од ковид-19 пандемијата, со ветување дека ќе бидат компензирани кога фудбалот ќе се врати во нормала. Се верува дека „тајниот документ“ е токму за овие пари, па обвинителството истражува зошто овој договор не е прикажат во билансите, и зошто за него не се известени соодветните институции.

Доколку никој од Јувентус не открие повеќе информации, обвинителството размислува на распит да го повика самиот Кристијано Роналдо.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе