Премиерлига

Историски натпревар на „Сент Мери“, Лестер со неверојатни 9-0 го понижи Саутемптон! (ВИДЕО)

Брилијантно издание на Лестер и исто толку катастрофално на Саутемптон, тимот на Брендан Роџерс победи со неверојатни 9-0 и влезе во книгите каде што се пишува историјата на Премиерлигата! 

Лестер буквално го понижи Саутемптон, „светците“ го доживееа најголемиот пораз во историјата. Немаа примено ни седум голови, а вечерва примија неверојатни девет.
 
Перез и Варди постигнаа хет-тик, по еден гол дадоа Чилвел, Тилеманс и Медисон. Работата на Лестер беше олеснета во 12. минута кога Бертнард доби црвен картон.
 
Лестер со овој триумф рушеше рекорди, тие ја остварија највисоката гостинска победа во историјата на Премиерлигата, никој досега не победил со 9-0 надвор од својот стадион.
 
А победа од 9-0 е и највиска воопшто во Премиерлигата, таков резултат има остварено и Манчестер јунајтед кој во далечната 1995 го совладал Ипсвич на Олд Трафорд.
 
Лестер стана и само вториот тим во историјата на Премиерлигата кој има двајца играчи со хет-трик во еден натпревар (Перез и Варди), тоа го има направено само уште Арсенал исто така против Саутемптон во 2003, тогаш по три гола дале Пенант и Пирес.
 
Лестер е и само вториот тим во историјата на Премиерлигата кој успеал да води со 5-0 во првото полувреме на еден гостински натпревар, претходно тоа го има направено Манчестер Сити во април 2010 против Барнли.
 
За тоа како игра Лестер оваа сезона говори и фактот што по десет кола тие имаат освоено 20 бодови, а во сезоната кога беа шампиони во Премиерлигата од исто толку мечеви освоија 19.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе