На Барса и се отвараат нови врати

Истече специјалната клаузула од трансферот на Кутињо

Кога Филипе Кутињо се пресели на Камп Ноу во јануари 2018 година, Ливерпул вметна специјална клаузула според која Барселона ќе треба да плати премија од 100 милиони евра доколку сака нов фудбалер на „црвените", од денеска оваа клаузула не важи.

Клубот од Енфилд долго одолеваше на притисокот од Барса и направи одлична зделка со продажбата на Филипе Кутињо. Се раздели со Бразилецот за 120 милиони евра, плус додатни 40 милиони евра во бонуси, а притоа вметна и специјална клаузула.

Ливерпул привремено си купи мир, и се осигура дека „каталонците“ нема во брзо време одново да им тропната на врата. Според клаузулата, доколку Барса сака да купи нов играч од „црвените“, најпрво ќе мора да плати „дебела“ премија од 100 милиони евра, а потоа и обесштетувањето аз фудбалерот.

Со вакви услови, практично е невозможно гигантот од Шпанија да тргне по ѕвезди како Мохамед Салах, Садио Мане, Роберто Фирмино и Вирџил ван Дајк. Сепак, оваа клаузула истече на 30. јуни.

Па на Барселона сега и се отвараат нови врати и опции на трансфер пазарот, и Енфилд одново може да биде шопинг место за реконструкција на составот.

Што се однесува до Ливерпул, клаузулата веројатно нема да смени ништо, бидејќи речиси сите ѕвезди имаат долгогодишни договори, а веројатно фудбалерите поучени од неуспехот на Фелипе Кутињо нема да притискаат толку многу за заминување, особено по освоените титули во Лигата на шампиони и Премиерлигата.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе