Се бара купец

Иско побарал да замине, Реал одреди висока цена

Според пишувањата на АС и Марка, Иско побарал да си замине од „Сантијаго Бернабеу" и тоа по можност уште во јануари, Реал ќе му дозволи но само доколку добие добра понуда.

Иско решил дека е време да стави крај на авантурата во Реал Мадрид, преку својот татко и агент, Шпанецот го известил раководството на клубот дека сака да замине и тоа по можност уште во јануари.

Фудбалерот разговарал и со Зинедин Зидан, стратегот не се oбидел да го разубеди да остане, Зизу ја разбира неговата желба за поголема минутажа и нема да му стои на патот.

Па „кралевите“ ќе му ја исполнат желбата и ќе дадат зелено светло за трансфер доколку добијат добра понуда.

Но доколку се точни написите на АС, тешко дека ќе најдат купец. Весникот пишува дека Реал Мадрид бара 60-70 милиони евра за услугите на Иско. Во моментов фудбалот е силно погоден од коронавирус кризата, па тешко дека некој ќе одвои толкава сума.

Според специјализираниот портал Трансфермаркт, вредноста на Иско во моментов е 30 милиони евра.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе